Е-НЕТ
000%

Дома / За нас

Од 2007 година учиме Куманово да мисли дигитално

Е-НЕТ е едукативен центар кој ги спојува IT вештините, странските јазици и целодневната настава — со иста цел за секоја возраст: знаење што се применува веднаш.

2.007Година на основање
8.000+Задоволни слушатели
19Години со Вас
4Сертификациски програми

( 01 )  Визија и мисија

Образование што ја следи струката, не обратно

Нашата визија е секое дете и секој возрасен во Куманово да има пристап до истите вештини и сертификати што ги бараат работодавците надвор од земјата.

Мисијата е поедноставна: да создадеме место каде учењето е практично, средината е пријатна, а напредокот е мерлив — со официјален испит на крајот.

  • Ја почитуваме индивидуалноста на секој ученик
  • Развиваме пријатна и инклузивна средина за учење
  • Ја поддржуваме љубопитноста и охрабруваме прашања
  • Мериме напредок преку меѓународни сертификати
Работилница во Е-НЕТ

( 02 )  Нудиме

Четири насоки

01

IT вештини

Office 365, оперативни системи, HTML/CSS/JavaScript, Python, Java, роботика, Arduino и Raspberry Pi. Види

02

Странски јазици

Англиски и француски по CEFR — од Pre-A1 до C1/C2, со учебници и материјали за секое ниво. Види

03

Целодневна настава

Обработка на училишниот материјал, креативни работилници, информатика и странски јазик во ист ден. Види

04

Сертификација

Овластен испитен центар за Certiport и Adobe — подготовка, проби и официјален испит на едно место. Види

( 03 )  Тим

Нашите предавачи

Мал тим со долга практика — секој предмет го води некој што го работи и надвор од училницата.

Марјан Спасиќ

Марјан Спасиќ

Директор

Го води центарот од основањето и ја држи врската со Certiport и програмите за сертификација.

Ивана Ристовска

Ивана Ристовска

Англиски · Француски

Ги води јазичните групи по CEFR скалата и подготовката за меѓународни јазични испити.

Фросина Стошевска Ѓорѓевска

Фросина Стошевска Ѓорѓевска

Одделенска настава

Одговорна за целодневната настава — обработка на материјал, работилници и следење на напредокот.

Час по роботика
Роботика
Работилница со деца
Работилници
Настан на Е-НЕТ
Настани

Е-НЕТ · Куманово

Дојдете да видите како работиме

Најавете се за посета на центарот во Куманово или закажете бесплатен демо час за вашето дете.